СЗО: Во 111 држави е регистрирана британската мутација на коронавирусот
Мутацијата пронајдена во Јужна Африка, се прошири во 58 земји, а видот на коронавирус откриен во Бразил и Јапонија, сега е распространет во 32 земји.

СЗО соопшти дека во 111 држави е регистрирана британската мутација на коронавирусот. Мутацијата пронајдена во Јужна Африка, се прошири во 58 земји, а видот на коронавирус откриен во Бразил и Јапонија, сега е распространет во 32 земји.
Европскиот парламент ја одобри програмата „ЕУ за здравје“ вреден 5,1 милијарди евра. Најмалку 20 проценти од средствата се за превенција на болести и унапредување на здравјето, а програмата е развиена како дел од одговорот на ЕУ на пандемијата на Ковид-19.
Главните цели се зајакнување на здравствените системи, координација меѓу земјите-членки и поголема достапност на лекови и медицински помагала.
