Заев ги отфрла наводите на италијанскиот весник „Ла Верита“

10.03.2021 12:13

Премиерот Заев ги отфрла наводите на италијанскиот весник „Ла Верита“ дека со министерот Филипче сакале да набават кинески вакцини „Синофарм“ преку фантом компанија од Хонг Конг...

Премиерот Заев ги отфрла наводите на италијанскиот весник „Ла Верита“ дека со министерот Филипче сакале да набават кинески вакцини „Синофарм“ преку фантом компанија од Хонг Конг. Сепак, не негира дека се прават обиди за набавка преку сите можни законски канали.

„Апсолитно негирам било какви лоши намери или незаконско дејствување заради тоа што во овој период правиме напори да набавиме вакцини по сите можни канали, како што очекуваат нашите граѓани, за вакцините час поскоро да ги имаме. И министерот ја информираше јавноста, после две недели чекање преку Кинеската амбасада, ние дадовме нарачки преку приватни компании, преку МНР, и затоа и авансот беше повлечен, и сега очекуваме да стигнат вакцините преку МНР на Кина, односно Кинеската амбасада“, изјави премиерот Заев.

Наместо за набавка на вакцини, очигледно мислеле на криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по објавените написи од „Ла Верита“. Според партијата, Македонија тоне во криминал и корупција.