Фудбал

Олд Трафорд –излез од вителот или нова агонија?

19.03.2014 11:57

Одамна не било толку драматично под сводовите на легендарниот стадион! На Олд Трафорд вечер ќе се одвива фудбалска драма каква што не паметат поновите генерации приврзаници на Манчестер Јунајтед. Славниот клуб, западнат во резултатскиот вител кој го влече се подлабоко кон дното е соочен со последната шанса привремено да се извлече. Спасот е победа над Олимпијакос со резултат подобар од атинските 0:2! Ужасно тешка, скоро неизводлива резултатска мисија за тимот предводен од Дејвид Мојес. Состав кој  перманентно  губи од шампионскиот сјај со кој до неодамна блескаше.

Одамна не било толку драматично под сводовите на легендарниот стадион! На Олд Трафорд вечер ќе се одвива фудбалска драма каква што не паметат поновите генерации приврзаници на Манчестер Јунајтед. Славниот клуб, западнат во резултатскиот вител кој го влече се подлабоко кон дното е соочен со последната шанса привремено да се извлече. Спасот е победа над Олимпијакос со резултат подобар од атинските 0:2! Ужасно тешка, скоро неизводлива резултатска мисија за тимот предводен од Дејвид Мојес. Состав кој  перманентно  губи од шампионскиот сјај со кој до неодамна блескаше. Историјата на Лигата на шампионите памети само 5 вакви  дуели, кога некој од актерите успеале да го надоместат дефицитот од 0:2. Манчестер Јунајтед не е на листата на тимовите што направиле таков подвиг. Точно пред 30 години Англичаните  се кренаа од оваа  негатива во Купот на победниците на куповите против Барселона, предводена од Марадона. Во моментов само традицијата е во прилог на англискиот првак. Во претходните два дуели од групната фаза во Лигата на шампионите во 2001-та и 2002-та година Манчестер Јунајтед забележа 4 победи  против Олимпијакос без примен гол. И никогаш досега не е елиминиран од еден грчки тим во европските купови.Но, тоа е само минато. Сегашноста е многу депресивна. Ѓаволот како да е влезен во редовите на „Црвените ѓаволи“ и со секое ново излегување на теренот ги соборуваат „црните“ клупски рекорди.Последната траума им ја предизвика во неделата Ливерпул на Олд Трафорд со 3:0!

Олимпијакос е пријатното изненадување, „свежината“ во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Во Атина цврсто ја зграпчи шансата против ранетиот великан. Со головите на Домингез и Кемпбел направи  значаен резултатски капитал.Последен пат грчкиот првак  до нокаут-фазата стигна во 2010-та година, кога потклекна пред францускиот Бордо кој се покажа како непремостлива бариера. Денеска шансите на „црвено-белите“ од Пиреа се многу поизгледни. Ќе биде ли Олимпијакос егзекуторот за Маначестер Јунајтед во неговата битка за опстанок на европската сцена? Кревање од пепелта на Манчестер Јунајтед или историска победа на Олимпијакос , фудбалска драма  која  е вечер  на програмата на МРТ  во 20 часот и 45 минути..