Битиќи ги повика пратениците да ги изгласаат законите од петтиот пакет државна помош

10.03.2021 12:27

Вицепремиерот за економски прашања Битиќи денеска ги повика пратениците во Собранието побргу да ги изгласаат законите од петтиот пакет државна помош. За нив може не е важна економската состојба, но нека се стават во улога на обичните граѓани, порача Битиќи...

Пратениците во Собранието да ги изгласаат предложените економските закони за да се овозможи реализација на мерките за финансисика поддршка- повика вицепремиерот за економски прашања. Битиќи посочи дека одлуката со која се прогласи новото ограничување во движењето воопшто не била лесна. Дециден е дека рестрикциите нема да се однесуваат на економските оператори за да можат непречено да работат. Вицепремиерот информираше дека се бара решение за музичарите, за туристичките водичи, но во моментов дециден е дека здравјето е пред сѐ.

Според црногорскиот колега Абазовиќ, иако состојбата со Ковид-19 е непредвидлива, очекува дека со вакцинацијата рестрикциите за патување ќе се укинат. Ги повика македонските граѓани да ја посетат Црна Гора ова лето, доколку условите го дозволуваат тоа.

Регионална конкурентност наместо конкуренција на економиите ќе биде еден од клучните предизвици во идниот период на сите влади од Западен Балкан, посочија вицепремиерите на двете држави.

 

Дијана Ценевска