Од вечерва повторно полициски час, ќе важат старите дозволи за движење
Од вечер во 22 до 5 часот наутро полициски час во целата држава. Ќе трае до 22-ри март. Одлуката е резултат на порастот на бројката на новозаболени и на хоспитализирани...

Од вечер во 22 до 5 часот изутрина, во сила полициски час. Ќе трае до 22-ри март. Одлуката е резултат на порастот на бројката на новозаболени, но и на хоспитализирани, велат надлежните.
Полицијата е веќе подготвена за спроведување на ограничувањето на движење, секој прекршок ќе биде санкциониран, велат од МВР.
Слобода на движење, ќе имаат граѓаните со посебни дозволи, а според информациите ќе важат и оние кои беа издадени од Министерствтото за информатичко општество, уште лани. Оние пак, кои ги изгубиле ќе добијат нови.
Отстапка од полицискиот час и слобода на движење, ќе има и за граѓаните на кои евентуално би им била потребна итна медицинска помош, а излегуањето од дома треба претходно да го најават на телефонскиот број 192.
