ВМРО-ДПМНЕ: Наместо за вакцини, мислеле на криминал
10.03.2021 13:15
Според партијата, Македонија тоне во криминал и корупција...

Наместо за набавка на вакцини, очигледно мислеле на криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по објавените написи од „Ла Верита“. Според партијата, Македонија тоне во криминал и корупција.
„Точно се наведува во „Ла Верита“ што е проблемот, зошто е вратен авансот за вакцини од Кина. За набавка на вакцините од Кина, била избрана фантом - фирма од Хонг Конг, таа фирма била наведена и во писмата испратени од Венко Филипче. Затоа Кина го враќа авансот, затоа Македонија и денеска нема вакцини. Ова е уште еден голем меѓународен скандал, ова е уште едно меѓународно тонење на Македонија во криминал и висока корупција“, изјави портпаролот Стоилковски.
