Една година од отворањето на битолскиот ковид центар
Една година од отворањето на битолскиот ковид центар, прв надвор од Скопје. Период исполнет со победи и надеж, но и тага и болка за изгубените стотина животи. Наскоро се најавува отворање на новата модуларна болница...

Со првиот суспектен примен пациент на минатогодишниот 4-ти март додогаш само обичното инфективно одделение ја започнува ковид приказната како прв регионален ковид центар надвор од Скопје.
За една година во двете амбуланти прегледани околу 10.000 пациенти. Над десет проценти од нив морале да го поминат искушението на болничкиот третман.
Предизвик кој продолжува. Во вторава година влегуваат, велат со поголемо искуство, продолжување на помошта од колегите од другите одделенија, имунизација на персоналот и за скоро време пуштање на новата модуларна болница со стотина легла. Но, и новините на вирусот велат носат нови опасности.
Доктор Димитровска потсети дека деновиве бројката на новозаразени во Битола оди во нагорна линија, а во ковид- центарот до изутрината бојката на хоспитализирани е 41. Во знак на апел вели- трамуте и скафандерите ни тежат, но многу повеќе ни тежи кога по улиците и кафулињата гледаме како од некои не се почитуваат препораките.
Стевче Митевски
