Кој го кочи носењето на важните закони?
Во Собранието и натаму власта и опозицијата со спротивставени ставови, кој го кочи носењето на важните закони. Мнозинството бара одговорно однесување, опозицијата пак со став, нема учество на седници ако се предлагаат криминални закони...

ВМРО-ДПМНЕ со месеци блокира важни закони во интерес на граѓаните, обвинуваат од СДСМ. Не поддржуваат изградба на нов Клинички, го кочат Законот за легализација на бесправно изградени објекти, каде се дава можност посиромашните граѓаните да ги легализираат своите објекти, додаваат од СДСМ.
Нема учество на пленарки на кои се предлагаат криминогени закони, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ. Од опозициската партија се подготвени на посебна седница да ги поддржат законите од здравството и дел од мерките за санирање на последиците од ковид- кризата.
Од Коалицијата Алијанса за Албанците- Алтернатива ќе ги блокираат сите закони сѐ додека не се отвори дебата за нивниот предлог- закон за државјанство. Интегративците пак, целата вина за блокадата ја префлаат врз опозицијата.
Парламентарното мнозинство се мачи да го одржува кворумот. Тројца пратеници се во изолација или суспектни на Ковид-19.
Игор Панов
