Антикорупциска отвори предмет за набавката на софтвер за МВР

10.03.2021 14:51

На редовните средби на вицепремиерот Николовски со антикорупционерите, главно на маса, слабоста на системот. Заеднички се работи и на воспоставување на ново законодавство. Антикорупциска отвори предмет за набавката на софтвер за МВР на Драги Рашковски...

Координацијата и навремената размена на податоци и информации меѓу надлежните институции е клучна за откривање на корупцијата- став на вицепремиерот Николовски. Посочува дека на редовните средби со антикорупционерите, било разговарано за слабоста на системот. Заеднички се работи и на воспоставување на ново законодавство. Ќе се допрецизира судирот на интереси, кој се треба да поднесе анкетен лист и проширување на надлежностите на антикорупционерите.

Првиот антикорупционер информира дека работат на повеќе случаи. Отворен предмет и за набавката на софтвер во МВР од Драги Рашковски.

Комисијата во наредниот период кадровски ќе се доекипира, а добија и нови простории во зградата на заеднички служби.

 

Наташа Гркова- Петрушевска