Заев: Нема незаконитости во набавката на вакцини

10.03.2021 15:16

Премиерот Заев ги отфрла наводите на италијанскиот весник „Ла Верита“, дека со министерот Филипче сакале да набават кинески вакцини „Синофарм“ преку фантом компанија од Хонг Конг. Сепак, не негира дека се прават обиди за набавка преку сите можни законски канали. Наместо за набавка на вакцини, очигледно мислеле на криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата бараат одговор, која е фантом фирмата...

Нема никакви лоши намери или незаконски дејствувања за набавката на вакцините. Се користат сите законски канали за да се купат вакцини, вели Премиерот Заев. Коментарот следува по написите на италијанскиот весник Ла Верита дека причина за враќање на авансот што Македонија го даде за вакцини од производителот „Синофарм“ е тоа што купопродажбата требало да се овдива преку фантом фирма од Хонг Конг.

Шефот на владата вели дека се правени нарачки и преку приватни конпании, а помош понудила фирмата „Пауар Чајна“, фирма мајка на компанијата што гради патишта во земјава.

Наместо за набавка на вакцини, мислеле на криминал, реакција од ВМРО-ДПМНЕ. Велат дека написот на Ла Верита е потврда за меѓународен скандал и дека Владата мислела како да профитира од вакцините уште во декември. Бараат да се открие името на фантом фирмата и прашуваат - како министерството за здравство ја одбрало за да посредува во набавката.

На крајот на февруари Владата извести дека е вратен авансот од уплатата за кинеските вакцини, по барање на кинеското МНР заради усогласување на документацијата, но дека договорот не е откажан и вакцините ќе стигнат во март.

Анита Димитријевска Велковска