Откуп на тутун: Вишокот ќе се купи, се склучуваат нови договори
Со вчерашните собраниски измени, продолжен е откупот на тутунот до 31-ви март. Дотогаш останува да се докупат уште 1.500 тони вишок од ланската реколта. Сојузот на земјоделските здурженија и Асоцијацијата на земјодлеци уверуваат дека сѐ ќе се дооткупи, но и апелираат- тутунарите да произведат онолку колку што пишува во новите договори...

Рокот за откуп на тутунот е продолжен до крајот на месецов и ќе се дооткупат околу 1.500 тони вишок од ланската реколта. На повидок е решение кои компании ќе го преземат, уверуваат од Сојузот на земјоделските здруженија и од Асоцијацијата на земјоделци.
Почна и склучувањето договорите за новата реколта. Тутунарите брзаат да го добијат семенскиот материјал за расадопроизводството. Апелот е да се произведе тутун колку што стои во договорот, за да нема вишок и стари проблеми. За повисоки цени, ќе имало простор подоцна. Реколтата се обликува на 21.000 тони.
Дел тутунари, од Иницијативниот одбор, за утре, пак, најавија протест. Од друга страна, од Сојузот апелираат на трпение.
Елизабета Митреска
