Повредени и уапсени во судирите на протестот против полициска бруталност во Атина

10.03.2021 13:45

Демонстрантите фрлале со молотови коктели и камења кон полицијата, на што чуварите на редот возвратиле со солзавец и водени топови.

Тројца полицајци се повредени во судирите на вчерашниот протест против полициска бруталност во Атина. Еден од нив е во критична состојба, десетмина се уапсени.

Демонстрантите фрлале  со молотови коктели и камења кон полицијата, на што чуварите на редот возвратиле со солзавец и водени топови.

Стотици граѓани излегоа на улиците на Атина по објавена видео снимка на која се гледа како полицајци претепуваат маж. Инцидентот наводно се случил за време на полициски час, што е на сила во регионот Атика.