Ковид-19

Британскиот сој регистриран во 111 држави

10.03.2021 14:05

Во 111 држави е регистрирана британската мутација на коронавирусот, соопшти сзо. Мутацијата пронајдена во Јужна Африка, се прошири во 58 земји, а видот на коронавирус откриен во Бразил и Јапонија, сега е распространет во 32 земји. Дел од земјите во Европа продолжуваат со рестриктивните мерки...

Во 111 држави е регистрирана британската мутација на коронавирусот, соопшти сзо. Мутацијата пронајдена во Јужна Африка, се прошири во 58 земји, а видот на коронавирус откриен во Бразил и Јапонија, сега е распространет во 32 земји. Дел од земјите во Европа продолжуваат со рестриктивните мерки, дел размислуваат за постепено олабавување на рестрикциите. Кај дел од државите постои загриженост од групирањата со почетокот на пролетта, но и за време на велигденските празници. Сепак Романија уште сега најави дека нема да воведе дополнителни ограничувања за Велигден.

„Не размислуваме за затворање на земјата за Велигден. Состојбата на подготвеност ќе биде продолжена оваа недела поради релативно високиот број на инфекции. Ограничувањата што се применуваат ќе бидат задржани. Можно е наместо во 23 часот, да се ограничува движењето во 22 часот“, изјави Клаус Јохани, претседател на Романија.

На европско тло расте интересот за производство на вакцини. Руската вакцина „Спутник В“ против коронавирус ќе се произведува во Италија дури и ако Европската агенција за лекови одбие да ја одобри вакцината за користење во ЕУ, велат од италијанската стопанска комора. Интерес за прозиводство на „Спутник“ има и во Шпанија. Развиените земји убедливо водат со вакцинација по глава на жител. Оние пак кај кои допрва пристигна пратката со вакцини, мака мачат да ги убедат граѓаните да се имунизираат.

„Зошто да си инјектирам нешто ако сум здрава? Моето семејство не се разболе, јас не се разболев. Зошто би го сторила тоа?“- вели војник

„Не сакам да се вакцинирам, ќе почекам додека повеќето од луѓето не се вакцинираат и тогаш ќе видиме“, изјави Олга Бојко- медицинска сестра.

„Ние сме изолирани тука и коронавирусот изгледа премногу далеку. Ми требаат повеќе информации. Судејќи според вестите од интернет, гледам многу паметни луѓе кои потврдуваат дека се е во ред и нема негативни ефекти од вакцината.“

Во меѓувреме, Европскиот парламент ја одобри програмата „ЕУ за здравје“ вреден 5,1 милијарди евра. Најмалку 20 проценти од средствата се за превенција на болести и унапредување на здравјето, а програмата е развиена како дел од одговорот на ЕУ на пандемијата на Ковид-19. Главните цели се зајакнување на здравствените системи, координација меѓу земјите-членки и поголема достапност на лекови и медицински помагала.

 

Маријана Димовска