Малезиска компанија за произдводство на медицински ракавици со рекордна заработувачка поради панедмијата
Во компанијата проценуваат дека глобалната побарувачка после пандемијата, најверојатно ќе расте за 15% годишно...

Малезиската компанија за производство на медицински ракавици „Топ Глав“, која е водечка во светот во овој бизнис, објави дека има рекордна заработка за 25 пати поголема отколку во истиот период во претходните години.
Добивката се зголемила на 695.93 милиони долари, објавила компанијата денеска на берзанскиот поднесок. Расте побараувачката, но и цените. Од таму нагласиле дека пандемијата со корона вирусот придонесла за ваква побарувачка на заштитна медицинскаопрема, која што во првата половина на финансиската година ја преминала вкупната добивка во последните 20 години.
Во компанијата проценуваат дека глобалната побарувачка после пандемијата, најверојатно ќе расте за 15% годишно, во споредба со со 10-те проценти на годишно ниво пред појавата на Ковид -19.
С.С.
