Македонците во Албанија добиле гаранции дека Пустец нема да исчезне

19.03.2014 11:59

Министерот за локална самоуправа  на Албанија, Бленди Чучи  на Македонците во оваа земја им гарантирал дека македонските општини во Албанија нема да бидат припоени кон албанските и дека  во овие места Македонците непречено од институциите ќе можат да ги одржуваат јазикот и традицијата.

Ветувањето на албанската влада доаѓа откако во јавноста беше најавено дека поради новиот закон за територијална поделба може да исчезне општината Пустец.

По средбата на македонските активисти во оваа земја со амбасадорот на ОБСЕ,реториката на албанската Влада тргнува во насока поволна за македонското население.

Освен општината Пустец која брои над 5 илјади Македонци уште 3 македонски општини во Албанија имаат значителен број жители со македонска национална свест.

Политиките на албанската власт кон малцинските заедници се будно следени од евроинституциите. Ако се има предвид дека тоа ќе игра важна улога во европскиот извештај за Албанија, Македонците можат да се надеваат на поволна разрешница на статусот на општините.