Дубаи: Наместо со пасош на аеродром, детекција со поглед во камера
Аеродромот во Дубаи овој програм им го понудил на сите патници чии што податоци од окото се поврзуваат со државните бази на податоци, така што врз основа на зениците, технологијата за неколку секунди препознава за која личност се работи...

Технологијата со препознавање на зениците на окото се применува се повеќе, особено при патување. Неодамна е имплементирана и на аеродоромот во Дубаи, па така наместо пасош, хартиени или дигитални документи, потребен е само поглед во камера, која ги детектира сите патници кои што влегуваат или излегуваат од земјата. Исто така нема потреба ниту за класични билети.
Аеродромот во Дубаи овој програм им го понудил на сите патници чии што податоци од окото се поврзуваат со државните бази на податоци, така што врз основа на зениците, технологијата за неколку секунди препознава за која личност се работи. Освен што се забрзува процесот, се спречува и ширењето на корона вирусот затоа што целиот процес е бесконтактен, без приближување, ниту размена на документи меѓу патниците и службениците. Според заменик директорот на владината канцеларија Obaid Mehayer Bin Suroor, сега сите процедури станале „паметни“.
Дубаи нема намера тука да застане, туку ќе ја користи оваа технологија за препознавање на лица и во други сектори, со цел да се намали работата со хартиени документи. Ќе почне да се тестира и во некои сервиси поврзани со приватниот сектор.
С.С.
