Продолженија на три собраниски седници
На дневен ред на 25-тата седница се предлог-законот за задолжување со заем кај ЕБОР за финансирање на проектот воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје, предлог-законот за изменување и дополнување на законот за Македонската банка за поддршка на развојот и предлог-законот за изменување и дополнување на законот за државјанството.

Единствена точка на дневен ред на 20-тата седница на законодавниот дом е предлог- законот за задолжување кај Меѓународната банка за обнова и развој за финансирање на проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор.
На дневен ред на 25-тата седница се предлог-законот за задолжување со заем кај ЕБОР за финансирање на проектот воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје, предлог-законот за изменување и дополнување на законот за Македонската банка за поддршка на развојот и предлог-законот за изменување и дополнување на законот за државјанството.
На продолжението на 29-тата седница, пратениците ќе дебатираат за предлог-законот за задолжување кај Меѓународната банка за обнова и развој за финансирање на проектот за унапредување на основното образование, и изменување и дополнување на Законот за библиотеките, како и на Законoт за заштита на културното наследство. Ќе заседава и собраниската Законодавно-правна комисија.
