КОВИД-19

Европската агенција за лекови решава за вакцината на „Џонсон и Џонсон“

11.03.2021 10:17

Производот од „Џонсон и Џонсон“, којшто веќе се користи во САД покажа ефиканост од 66% во спречувањето на умерено до тешко заболување, а 85% во однос на тешка или критична болест.

Европската агенција за лекови решава за одобрување на вакцината против Ковид-19 со единечна доза. Производот од „Џонсон и Џонсон“, којшто веќе се користи во САД покажа ефиканост од 66% во спречувањето на умерено до тешко заболување, а 85% во однос на тешка или критична болест.

Иако им даде предност на вакцините од западните компании, Европската унија беше принудена да побара помош и од Кина и Русија поради проблеми со доставата и производството. Имунизацијата не го спречи ширењето на Ковид-19 и голем број држави повторно ги заоструваат мерките.

Рускиот претседател Владимир Путин ги советува граѓаните внимателно да носат одлуки за патување во странство, особено во земјите од јужна Европа.

Во Бразил, којашто заедно со САД и Индија, е на врвот на листата со најмногу починати и заразени на глобално ниво, беа регистрирани рекордни 2.286 смртни случаи во едно деноноќие.

Потрагата по потеклото на вирусот продолжува. СЗО го лоцира проблемот во трговијата со диви животни. За идната недела се очекува извештај со првичните заклучоци од мисијата во Вухан.

Според експертите, мала е веројатноста пандемијата да била резултат на несреќа во лабораторија во кинскиот град.