МВР: 12 прекршувања на забраната за движење, 408 санкции за неносење маска

11.03.2021 10:27

Синоќа дел од раководството на МВР, предводено од министерот Оливер Спасовски направи увид во спроведувањето на ограничувањето на движење во Скопје, Тетово, Куманово, Велес и други градови...

Дванаесет лица не ја почитувале забраната за движење од 22 часот до 05 часот, соопшти МВР. Синоќа дел од раководството на МВР, предводено од министерот Оливер Спасовски направи увид во спроведувањето на ограничувањето на движење во Скопје, Тетово, Куманово, Велес и други градови. Преземени се сите потребни активности контролата на ограничувањето на  движењето да се спроведе  согласно одлуката на Владата, соопштуваат од МВР.

Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 408 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.