Регистриран еден прекршок на југоистокот од земјава за време на полицискиот час
Југоистокот на првата вечер од полицискиот час за оваа година регистрира само едно прекршување. Струмица, Радовиш, Дојран, Валандово мирни, само едно лице од Гевгелија не ја почитувало одлуката...

Југоистокот мирен на синоќешниот полициски час. Само еден жител од Гевгелија го прекришил и бил затекнат од страна на полициски службеници, а според законските одредби ќе следува и соодветна казна.
Струмица која важеше за град со најмногу недисциплинирани граѓани и во просек по 20 лица не го почитуваа ланскиот полициски час, синоќа полициските службеници не регистрирале ниту еден прекршител.
Ограничувањето на движењето на граѓаните, односно полицискиот час кој беше воведен поради состојбата со коронавирусот, ќе трае сѐе до 22-ри март. За прекршување на ваквата мерка е предвидена парична казна или затвор до една година за физичко лице и парична казна до 30 милиони денари за правно лице.
Струмица по однос на новорегистрирани пациенти позитивни на Ковид- 19 оди во нагорна линија, а во последниот извештај од Министерството за здравство се регистрирани нови 22 лица и активни 184 случаи.
Стојне Митева
