Доцни отворањето на модуларната болница во Штип

11.03.2021 15:46

Доцни отворањето на модуларната болница во Штип. Првично најавениот термин е пробиен главно заради административни рокови за инсталирање на централен довод на кислород. Во штипската болница засега има доволно места на Инфективното одделение каде во моментот се лекуваат 44 пациенти со средна и тешка клиничка слика...

Инсталирањето на централен довод на кислород е последниот зафат пред пуштање во употреба на модуларната болница во Штип. Инфраструктурно е опремена, а кадровски ќе биде покриена со сегашниот персонал.

Последните десеттина дена расте бројот на хоспитализирани на инфективното одделение, а пациентите се со средна и тешка клиничка слика

Одделот за физикална медицина и кардиолошкото одделение при Клиничка болница - Штип во моментот се соочува со проблеми во работата заради осуммина заразени од медицинскиот персонал.

Интерес за вакцинација пројавиле 190 вработени, што е 40 насто од целокупниот персонал на болницата.

 

Славица Величковска