Бектеши: Здравствената состојба засега не дозволува протоколи за свадби

11.03.2021 15:55

Владата ќе има даде поддршка на угостителските објекти за организирање свадбени прослави, доколку и во наредниот период бидат затворени, но здравствената состојба засега не дозволува тие да добијат протоколи за работа. Ова го истакнаа при средбата со стопанствениците од Куманово и Липково, министерот за економија Бектеши и заменик министерот за здравство Хасани. Тие посочија дека здравјето на населението е пред сѐ, меѓутоа важно е и компаниите да бидат ликвидни и да ги зачуваат работните места...

Министерството за економија нема да носи спротивни одлуки од она што го предлага Комисијата за заразни болести. Како и досега, ќе дадеме поддршка преку економските мерки, на дејностите кои се затворени по одлука на Владата, а на предлог на комисијата поради здравствената криза. Целта е компаниите да бидат ликвидни и да ги зачуваат работните места, истакна министерот за економија Бектеши, при средбата со стопанственици од Куманово и Липково.

„Што се однесува до угостителските објекти за свадби тие согласно препораките на комисијата моментално се затворени, но ако има можност до пред сезоната ќе направиме напори да бидат во функција, а ние како Влада ќе ги поддржиме, доколку има рестрикции“, посочи министерот за економија, Крешник Бектеши.

Заменик министерот за здравство, Илир Хасани посочи дека здравствената состојба засега не дозволува воведување на протколи за работа на рестораните за организирање свадби.

Не можеме да бидеме скромни дека сите тие се компензираат во однос на трошоците и тоа што се обештетени, но од здравствен аспект како владата ние здравјето го ставаме пред се, и сакаме со тоа денеска поставив прашања не некој од усготителите дали вие би осетиле мир во душата кога ќе излезете од една свадба после 300 луѓе кои се гушкале и веселеле, јас не би бил мирен со тоа“, истакна заменик министерот за здравство, Илир Хасани.

Над 100 компании од Куманово и Липково засега ги користат мерките и пакетите за поддршка за справување со последиците од корона кризата.

 

Елена Георгиевска