Тутунарите повторно на протест, го блокираа патот Прилеп- Плетвар

11.03.2021 16:02

Тутунарите од новоформираните здруженија денеска два часа, од 12 до 14 часот, го блокираа патот Прилеп-Плетвар на излезот од градот. Протестираат и бараат што побрзо да се купи вишокот, а новата реколта да биде како ланската по количествата, со повисоки цени и без увоз на тутун. Субвенциите за откупениот тутун да бидат по 90 денари за сите класи...

Побрзо да се откупи вишокот тутун и тоа по цени и класи како досега, а со новата реколта да нема увоз, но да има повисоки цени и количествата да бидат како ланските, бараат тутунарите од петте новоформирани здруженија кои два часа го блокираа патот Прилеп-Плетвар.

Тутунарите од новите здруженија сакаат да бидат вклучени во разговорите за новата реколта. Барањата ќе ги достават до Министерството за земјоделство и до Владата.

 

Елизабета Митреска