Полицискиот час во Велес, Кавадарци и Неготино помина без прекршоци
Жителите на Велес, но и соседните Кавадарци и Неготино биле примерни и ја почитувале одлука за забрана на движење во терминот од 22 до 5 часот наутро. Ова е констатација на СВР Велес која ги покрива териториите на трите општини...

Жителите на Велес, но и соседните Кавадарци и Неготино биле примерни и ја почитувале одлука за забрана на движење во терминот од 22 до 5 часот наутро. Ова е констатација на СВР Велес која ги покрива териториите на трите општини.
За два месеци, колку што траеше полицискиот час минатата година, велешките полицајци на територијата на Општина Велес, но и соседните Чашка и Градско, констатирале 111 непочитувања од страна на граѓани, кои се движеле во време на полициски час и поднесоа исто толку кривични пријави. Граѓаните годинава поделени со мислењата дали е потребен полицискиот час.
Основното јавно обвинителство Велес за сите кривични пријави минатата пролет, за непочитување на полицискиот час побара по 800 евра парична казна, а судиите од Основен суд Велес таа мерка ја прифатија и изрекоа толкава глоба.
Петар Печков
