Проект „Да се почне одново“ на Велешкиот театар

11.03.2021 16:49

Театарот се снаоѓа во услови на пандемија, во потрага по модели на финансирање надвор од државниот буџет. Кога запираат активностите, публиката е покуса за културните настани...

„Да се почне одново“ е проектот на Велешкиот театар „Јордан Хаџиконстантинов- Џинот“ со која ќе ја одбележи сезоната за 2021 година. Коронакризата наметнува нови стандарди на кои треба да се привикнат уметниците– сметаат креаторите на проектот. Свесни, како што велат дека не можат да ги менуваат работите, може да послужат како урнек што ќе даде резултат – вели главниот и одговорен уредник на публикацијата, професорката Лужина. Целта е кај овие институции да се намали или целосно да се ослободат од државното финансирање.

Директорот на Велешкиот театар, Димовски очекува дека истражувањето кое ќе трае 3 години и ќе опфати 18 театарски ансамбли, придонесува во преобразбата  на институцијата.

Уметниците уште еднаш ја повикаа публиката да се врати во театарот, кадешто строго се почитуваат протоколите за заштита од Ковид- 19.

 

Марина Стојанова- Тонева