Седница на Советот за безебдност

12.03.2021 10:12

Единствена точка на дневен ред е информација за стратешките набавки во Армијата во наредниот период...

Претседателот Стево Пендаровски за денеска во 13 часот свика седница на Советот за безбедност. Покрај членовите, поканети се и началникот на Генералштабот на армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу и директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски.

Единствена точка на дневен ред е информација за стратешките набавки во Армијата во наредниот период, соопшти Кабинетот на претседателот Пендаровски.