Македонија нема да добие помош од Солидарниот фонд на ЕУ
Eвропската комисија доделува 530 милиони евра од солидарниот фонд за здравство на 17 членки, и за првпат на три кандидати за членство, меѓу кои не е Mакедонија...

Eвропската комисија доделува 530 милиони евра од солидарниот фонд за здравство на 17 членки, и за првпат на три кандидати за членство, меѓу кои не е Mакедонија. Според претседателката на комисијата Фон Дер Лајен, парите се наменети за трошоците за медицински материјали и за превентива на коронавирусот.
Трите кандидати се Србија со помош од 12 милиони евра, Aлбанија 900 илјади и Црна Гора со 200 илјади евра. На тврдењата дека Mакедонија не ги исполнила условите, откако не аплицирала навреме, Секретаријатот за европски прашања соопшти- земјата квалитетно ги управувала кризата и државните финансии, со што не бил постигнат минимумот проектиран од Брисел за користење средства од солидарниот фонд.
