Рокот за поднесување годишни сметки продолжен до 25-ти март
Ваквата одлука за пролонгирање на рокот се носи согласно ситуацијата и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот Ковид-19, како и поради тоа што голем број од сметководителите се заболени од вирусот и не се во можност да ги запазат законските рокови.

По барањата за одложување на рокот за доставување на годишна сметка, Централниот регистар одлучи да го продолжи рокот за електронско поднесување до 25 март до 24 часот.
Ваквата одлука за пролонгирање на рокот се носи согласно ситуацијата и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот Ковид-19, како и поради тоа што голем број од сметководителите се заболени од вирусот и не се во можност да ги запазат законските рокови.
Одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност со Законот за трговски друштва, соопштуваат од Централниот регистар.
Заклучно со вчерашниот ден над 90% од обврзниците веќе ја поднеле годишната сметка.
