Бајден: Планот за спас- историска одлука
Бајден ја истакна суштината на овој финансиски план, нарекувајќи ја историска одлука со која ќе се опорави столбот на земјата. Финансиската помош ќе им даде на работниците и на средната американска класа шанса за финансиско закрепнување.

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша одлука за спроведување на планот за финансиско закрепнување на американските граѓани од пандемијата вреден 1.900 милијарди долари, што беше одобрен од Претставничкиот дом.
Бајден ја истакна суштината на овој финансиски план, нарекувајќи ја историска одлука со која ќе се опорави столбот на земјата. Финансиската помош ќе им даде на работниците и на средната американска класа шанса за финансиско закрепнување.
Финансискиот пакет ќе обезбеди 130 милијарди долари за повторно отворање на училиштата, 49 милијарди долари за проширени можности за тестирање на населението за коронавирус и 14 милијарди долари за дистрибуција на вакцини во САД.
