МВР: 22 прекршувањa на забранатa за движење, 525 санкции за неносење маска
12.03.2021 10:38
Од 22 часот (11.03.2021) до 05 часот (12.03.2021) констатирано е дека 22 лица не ја почитувале забраната за движење. Од нив 11 се на територија на СВР Скопје, соопштуваат од МВР.

Од 22 часот (11.03.2021) до 05 часот (12.03.2021) констатирано е дека 22 лица не ја почитувале забраната за движење. Од нив 11 се на територија на СВР Скопје, соопштуваат од МВР.
Во текот на изминатото деноноќие, пак, на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 525 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид- 19.
