Комплетиран црвено-црниот трeнерски тандем
Клупските соиграчи, сега и тренерски тандем, Раул Гонзалес-Давид Дејвис Камара. Шпанецот се договори со македонскиот ракометен првак Вардар за две ипол годишна верност. Ова е прво тренерско, односно асистентско искуство за шпанецот.
Гонзалес и Камара во своите играчки денови ги бранеле боите на Ваљадолид. Ова не им е прв заеднички трансфер. Тие заедно имаат отидено во Сиудат Реал, но Гонзалес со улога на помошник тренер, а 5 години помладиот каталонец, сеуште како активен играч.

Дејвис Камара резултати за фалење има во дресот на Шпанија, со која има освоено бронза на Олимписките игри во Пекинг 2008-та и светското во Австрија 2005-тата.
Во своето портфолио има запишано настапи на левата крилна позиција во екипите на Гранољерс, Овиедо, Теукро, Алтеа, споменатите Ваљадолид и Сиудат Реал, потоа Атлетико Мадрид и Порто. Португалскиот тим е местото каде ја заврши својата играчка кариера минатата сезона.
На она што е дополнително горд 37 годишниот Камара, е освојувањето на Лигата на шампионите сезоните 2005/06 и 2007/08, еднаш ЕХФ Купот, потоа две сезони со ред АСОБАЛ лигата, на четири наврати Копа АСОБАЛ и двапати Кралскиот куп.