ООН: Итна акција против гладот и сиромаштијата во светот
12.03.2021 11:40
Шефот на светската програма за храна предупреди дека 270 милиони луѓе во светот годинава се соочуваат со „криза на глад“.

Шефот на ООН, Гутереш, апелираше итнo да се соберат 5,5 милијарди долари за помош на околу 34 милиони луѓе во повеќе од 30 земји, кои се на работ на масовно гладување.
Шефот на светската програма за храна предупреди дека 270 милиони луѓе во светот годинава се соочуваат со „криза на глад“.
Генералниот секретар ги повика членовите на Советот за безбедност „да ја искористат својата привилегирана позиција да сторат се што е во нивна моќ да стават крај на насилството, да преговараат за мир и да ги ублажат гладот и страдањата“.
