Политика

Заев: Непринципиелните прашања и бирократски ставови не смеат да бидат камен на сопнување

12.03.2021 12:56

Северна Македонија никогаш немала друг интерес освен мирно и достоинствено да кохабитира со своите соседи и со сите нации и етникуми во Европа- порака на премиерот Заев на Тиранскиот економски форум...

Северна Македонија никогаш немала друг интерес освен мирно и достоинствено да кохабитира со своите соседи и со сите нации и етникуми во Европа- порака на премиерот Заев на Тиранскиот економски форум. Непринципиелните прашања и бирократските ставови не смее да бидат камен за сопнување на просперитетот на Северна Македонија, потенцира македонскиот премиер.

„Да бидам кристално јасен и да го повторам уште еднаш ставот на Владата. Ние никогаш нема да си дозволиме да разговараме за она за што не може да се разговара. А тоа е кои сме, кои се нашите идентитетски атрибути и која е генезата на нашата државност и јазик“, нагласи премиерот Заев.

Премиерот ја искористи приликата и да им се заблагодари на комесарот Оливер Вархеjи и сите политички и административни чинители кои постојано се тука со нас во овој процес, посебно околу помошта која ни беше дадена и која допрва треба да стигне во справувањето со економските последици кои ги доживеавме заради кризата со Ковид-19.