ВМРО-ДПМНЕ: Власта сака да заработи од вакцините
Преку договор со фантомски фирми, власта сака да заработи пари од вакцините, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Од СДСМ возвраќаат- со пласирање лажни вести, опозицијата намерно го поткопува процесот за набавка на вакцини. Обвинителството очекува надлежните институции да достават свои наоди за евентуални сторени кривични дела...

Преку договор со фантомски фирми власта сака да заработи пари од вакцините, на грбот на народот, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Според опозициската партија, власта се обидува скандалот да го стави под тепих. Прашуваат -зошто тоа било направено и со која цел.
Со пласирање лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ намерно го поткопува процесот за набавка на вакцини, возвратија од СДСМ. Според нив, во позадина на нервозата во опозицијата биле три причини: серијата порази на избори, внатрепартискиот судир и постигнатата правда.
Обвинителството со внимание ги следи написите во медиумите за набавката на кинески вакцини. Очекуваат надлежните институции да достават свои наоди за евентуални сторени кривични дела, информираат од Јавното обвинителство.
Доколку бидат утврдени елементи на кривично дело, ќе се гонат сторителите, одговорија од Обвинителството. Постапка за кинески „Синофарм“ отвори и Антикорупциска.
Наташа Гркова- Петрушевска
