Компаниите во ТИРЗ- зоните го зголемуваат извозот
И покрај намалениот извоз поради пандемијата, компаниите во ТИРЗ-зоните лани инвестираа и го зголемија бројот на вработените лица. Во првиот месец од годинава нивниот извоз е зголемен за седум до осум проценти, а тој тренд продолжува и во февруари. Тоа ќе придонесе постојните компании во зоните да ги исполнат планираните инвестиции за годинава во висина помеѓу осудесет и сто милиони евра...

Во изминатите 3-4 месеци постојните компании во Технолошко индустриските развојни зони најавија инвестиции од 80 до 100 милиони евра што е исклучително позитивно за нас како држава. Сепак нашиот курс и во иднина ќе биде тоа да не биде само бројка на инвестиции и нови работни места, туку квалитетни работни места со повиоки плати поради што владата подготвува нови мерки за поттикнување на таа спирала. Ова посетата на ТИРЗ -зоните во Кичево и Охрид го рече директорот на дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Јован Деспотовски при што посочи дека и во време на пандемија компаниите инвестирале и го зголемиле бројот на вработените лица.
„Она што многу охрабрува е тоа што податоците за јануари покажуваат дека извозот во јануари 2021 е 7 или 8 проценти поголем во однос на изтиот период лани. Податоците за фебруари ќе ги објавиме за неколку дена меѓутоа штом прашувате ќе одговорам. Значи повторно имаме пораст , тоа значи дека економската активност не само што се враќа на нивото пред пандемијата туку се интензивира“, изјави Јован Деспотовски -директор на Дирекцијата на ТИРЗ.
Иако лани „Костал- Македонија“ оствари околу 20 проценти помал приход од планираното, односно извозот беше речиси 60 милиони евра сепак имаше нови инвестиции и беа вработени над 320 лица.
„За оваа година планот е ние дополнително речиси двојно да го зголемиме нашиот обрт со извоз од над 100 милиони евра на годишно ниво, бројот на вработените треба да надмине над 1.000 и планираме неколку нови проекти. Јагуар и Ландровер доаѓаат како нови клиенти за кои претходно не сме работеле, дополнителен многу софистициран производ за Ауди доаѓа кај нас во фабриката и нормално проширување на сето она што беше пауер електрик што е вид на производи за електрични возила“, изјави Виктор Мизо- генерален менаџер на „Костал Македонија“.
Мизо најави и зголемување на соработката со локалните компании при што посочи дека плановите се овој капацитет да биде еден од двете најважни локации на Костал групацијата.
Сашо Нелоски
