НСА може да ги снима сите телефонски повици во една земја
19.03.2014 12:36
Аналитичарите преслушувале само еден процент од повиците, пишува „Вашингтон пост“...

Американската Агенција за Национална Безбедност, НСА создала систем за следење кој може да ги снима сите телефонски повици во дадена земја.
Аналитичарите преслушувале само еден процент од повиците, пишува „Вашингтон пост“.
Според весникот, гласот кој бил следен бил пресретнуван со програмата „Мистик“, која почнала да се применува во 2009 година.
Нејзината употреба го достигнала максимумот во 2011-та.
Со неа можеле да е следат гласови од кој било повик, без потреба од претходно идентификување на личноста заради надзор, а до сега ниедна друга програма не можела да ја опфати целата телефонска мрежа на една земја.
