Федерер се повлече од турнирот во Дубаи

12.03.2021 13:11

Беше одлично да се вратам на турнири, уживајќи во секоја минута од играта во Доха. Сега е подобро да се вратам на тренинзите, па решив да се повлечам од турнирот во Дубаи, напиша Федерер.

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер на Твитер објави дека одлучил да не учествува на АТП турнирот, што ќе се одржи во Дубаи од 14-20 март.

Беше одлично да се вратам на турнири, уживајќи во секоја минута од играта во Доха. Сега е подобро да се вратам на тренинзите, па решив да се повлечам од турнирот во Дубаи, напиша Федерер.

Во средата, 39-годишниот Швајцарец го одигра својот прв натпревар по пауза од 13 месеци, поради повреда на коленото. Федерер со резултат 7:6 (10:8), 3:6, 7:5 го победи Британецот Даниел Еванс во второто коло на АТП турнирот во Доха. Во четвртфиналето вчера Федерер загуби од Грузиецот Николоз Басилашвили (6:3, 1:6, 5:7).