Тлото во гостиварскиот регион не се смирува, синоќа повторно регистриран земјотрес
На 14 километри југозападно од Гостивар синоќа повторно е регистриран земјотрес. Европско- медитеранскиот сеизмолошки центар првично извести за земјотресот со јачина од 3.8, но подоцна податоците ги промени во 4.5 степени според Рихтер...

На 14 километри југозападно од Гостивар синоќа повторно е регистриран земјотрес. Европско- медитеранскиот сеизмолошки центар првично извести за земјотресот со јачина од 3.8, но подоцна податоците ги промени во 4.5 степени според Рихтер.
Тлото во гостиварскиот регион веќе неколку дена не се смирува. Во последниве два дена беа регистрирани серија земјотреси со епицентар во Маврово, а локалната власт ги предупреди жителите и гостите кои престојуваат во викенд-населбите во Маврово да не ја користат водата за пиење.
