Заев и Бесими во работна посета на Луксембург
15.03.2021 09:47
За време на посетата, владината делегација ќе се сретне со претседателот на Европската инвестициска банка Вернер Хојер, а ќе има средба и со премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел.

Премиерот Зоран Заев придружуван од министерот за финансии Фатмир Бесими денеска ќе заминат во посета на Луксембург.
За време на посетата, владината делегација ќе се сретне со претседателот на Европската инвестициска банка Вернер Хојер, а ќе има средба и со премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел.
Во Луксембург требаше да отпатува и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, но тој во саботата на својот Фејбук профил објави дека е позитивен на Ковид-19.
