Концерт „Музиката и градот“ во Филхармонија

15.03.2021 10:14

Овој четврток во 19 часот, Филхармонија ќе одржи концерт насловен „Музиката и градот“ на кој праизведба ќе доживее електроакустична симфониска поема „Скопје“ од македонската композиторка Ана Пандевска.

На програмата се и „Фантазија за обоа и оркестар на фолк тема“ од Васил Атанасов В’чев (кој ќе настапи и како солист на обоа), Адаџето од Малер и „Роденденот на една инфантка“ од Шрекер. Диригент е Тимоти Редмонд од Велика Британија.

Ана Пандевска (1985) е македонска композиторка која пишува музика инспириран од фолклорот, џезот, амбиенталната музика, за во последно време нејзиниот интерес е насочен кон е електро-акустичниот израз. Симфониската поема „Скопје“ е фузија од различни музички влијанија, истражувања и естетски вкусови сублимирано во едно дело. Инспирацијата за делото е градот Скопје, градот во кој самата композиторка е родена и живее и, во него, како што вели се обидува на урбан начин да ги пренесе своите емоции и најзначајните скопски знаменитости преку наративните семплови на електронската трака.