Воена состојба во неколку градови во Мјанмар
15.03.2021 10:21
Дваесетина лица загинаа на протестите во последните два дена...
По неколкунеделната вонредна состојба, воената хунта во Мјанмар воведе и воена состојба во неколку поголем градови. Преземаат директна контрола врз безбедносната ситуација и ги зголемуваат административните и судските овластувања.
На протестите против пучот со кој беше сменета владата на Аунг Сан Су Чи повторно имаше жртви. Од почетокот на демонстрациите, во судирите загинаа седумдесетина лица.
Ман Вин Каинг Тан, првиот човек на политичката група која беше симната од власт иако легитимно победи на изборите, им вети на симпатизерите дека револуцијата против воената диктатура ќе продолжи.
