Ликовна изложба „МОСТ“ меѓу Македонија и Турција
Втората Меѓународна Балканска ликовна изложба „МОСТ“ е отворена во Велес. Претставени се 52 сликарски дела во минијатури на 26 автори од Македонија и од Турција. Изработки на графички техники, колажи од природни матријали, фотографии, масло на платно како и цртежи со туш се само дел од изложените минијатури.
Изложбата ја отвори Џемил Бектовиќ, професор по историја на уметност на Факултет за дизајн и мултипедијана Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Разноликоста е главен мотив за оваа изложба, навести тој.

На изложбата настапуваат сликари,вајари,графичари и архитекти од Турција и Македонија, а генерациските разлики,различните ликовни дисциплини и стилски опредлеби не се пречка во планираната концепција, туку понудената разноликост е главниот мотив на изложбата.
Следна локација на изложбата „МОСТ“ е Кавадарци, додека летово ќе биде презентирана во повеќе градови на Турција.
Ива Урдаревиќ