Демохристијаните на Меркел ги загубија изборите во две германски покраини
Популарноста на ЦДУ се намали поради стратегиите за справување со коронавирусот, а неодамна се соочи и со обвинувања дека двајца пратеници профитирале од зделки за набавка на маски во текот на пандемијата.

Демохристијаните на германската канцеларка Ангела Меркел доживеаја пораз на регионалните избори во две федерални покраини. Изборите за законодавни тела во Баден-Виртемберг и Рајнланд-Пфалц го означија стартот на изборниот маратон до федералните избори на 26 септември.
Популарноста на ЦДУ се намали поради стратегиите за справување со коронавирусот, а неодамна се соочи и со обвинувања дека двајца пратеници профитирале од зделки за набавка на маски во текот на пандемијата.
Во Баден-Виртемберг беше поразена од Зелената партија, а во соседната покраина Рајнланд-Пфалц победи Социјалдемократската партија (СПД).
Ултрадесничарите од „Алтернатива за Германија“ имаа полош пласман од оној во 2016 година, но сепак добија околу 10 проценти од гласовите.
