15 прекршувања на забраната за движење, 393 санкции за неносење маска
15.03.2021 10:54
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата ...

Од 22 часот до 05 часот 15 лица не ја почитувале забраната за движење, соопшти МВР. Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на државата, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 393 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.
