Завршува обврската за поседување зимска опрема во возилата
Согласно со Законот за патен сообраќај, предвидено е таа да се носи во возилата до 15 март, додека во вонредни случаи на обилни снежни врнежи се случувало рокот да се продолжи, но засега таков предлог или најава нема.

Законската обврска за задолжително носење зимска опрема во возилата, која што почна од 15 ноември лани, важи уште денес. Согласно со Законот за патен сообраќај, предвидено е таа да се носи во возилата до 15 март, додека во вонредни случаи на обилни снежни врнежи се случувало рокот да се продолжи, но засега таков предлог или најава нема.
Од АМСМ информираат и дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
