Како правилно да ги чистите заштитните маски?
Никој не го очекуваше тоа, но заштитните маски станаа дел од нашиот секојдневен живот. Ако сте одговорна личност сигурно секогаш со себе носите маска. Маските исто така им помогнаа и на многу модни брендови полесно да се справат со кризата со тоа што почнаа да ги произведуваат. Проблемот е што многумина не знаат како правилно да ги чистат овие маски...

Никој не го очекуваше тоа, но заштитните маски станаа дел од нашиот секојдневен живот. Ако сте одговорна личност сигурно секогаш со себе носите маска. Маските исто така им помогнаа и на многу модни брендови полесно да се справат со кризата со тоа што почнаа да ги произведуваат. Проблемот е што многумина не знаат како правилно да ги чистат овие маски.
Едно од првите прашања е што да направите откако ја носевте вашата памучна маска? Најважно е да не ја чувате во вашата чанта туку да имате посебна торба за тоа. Никогаш не ја допирајте маската со рацете, а во моментот кога ќе ја симнете држете ја на краевите. Исто така многу е важно веднаш да ги дезинфицирате рацете со антибактериски гел или да ги измиете.
Маската можете да ја ставите во машината за перење заедно со другата облека. Но, направете го тоа веднаш по носењето и никогаш не ја носете маската повеќе од еднаш. Користете го вашиот вообичаен детергент, само ставете ја температурата на водата да биде повисока, на пример 60 степени. Освен ова, не заборавајте да ја фрлите хируршката маска која е за една употреба.
Иако летото е тука и сите сакаме да излегуваме, да одиме на концерти и одмор, коронавирусот сè уште е присутен кај нас. Затоа, бидете одговорни. Ако не за себе, тогаш за другите.
Бидете одговорни, објаснете им на децата
Иако порано хируршките маски најчесто ги носеа здравствените работници, носењето маска стана секојдневие поради моменталната пандемија во светот. Целата ситуација е особено збунувачка за децата. Експертите велат дека треба да им се објасни на децата зошто сите носат маски. Исто така, неопходно е да им објасните на детски јазик што е коронавирус. Покрај тоа, треба да им се даде доволно време за да ја разберат и прифатат ситуацијата, да се ослободат од сè што не им е јасно и да им се даде секаков вид поддршка.
Маските покриваат голем дел од лицето, а поради тоа децата не се во можност да го пронајдат она што го бараат кај другите, а тоа е насмевката. Ова ги прави децата да се чувствуваат несигурно, но со едноставен разговор тие ќе разберат зошто е тоа така. За некои деца, носењето маска создава непријатност, додека другите веќе долго време се навикнати.
Охрабрете ги децата да ги украсуваат своите маски. На овој начин децата ќе се чувствуваат како да имаат контрола врз ситуацијата. Можете да ги украсите маските заедно со различни бои или со што сакаат тие. Направете го носењето маска забавно. Со маски и игра децата ќе влезат во улогата на лекарите и другите медицински професионалци и ќе се грижат за своите играчки.
Ако сте меѓу луѓето кои сè уште ги следат препораките на надлежните институции и редовно носат маски надвор, дозволете им на вашите деца да носат маски пред да ја напуштат куќата и на тој начин создадете им навика.
Кате Стојановска- Десковска
