Пекинг погоден од силна песочна бура
15.03.2021 12:13
Бурите се вообичаени во пролетниот период кога ветровите носат песок од западните пустини...

Песочна бура го парализираше Пекинг. Откажани се и стотици летови. Според метеоролозите тоа е најсилната песочна бура во реонот во последаната деценија. Песочната бура се движи кон кинеските провинции Гансу, Шанси и Хубеи.
Честичките ПМ10 во некои реони на Пекинг достигнаа до 8.000 микрограми на метар кубен, а дозволени се 50, додека честичките ПМ2 се на ниво од 300 микрограма на метар кубен, а дозволени се 35.
Бурите се вообичаени во пролетниот период кога ветровите носат песок од западните пустини. Националниот метеоролошки центар предвидува дека песок и прашина ќе покријат 12 провинции и региони.
