Од полноќ дизелот поскап за еден денар, бензините за денар и половина
Регулаторната комисија за енергетика одлучи цената на бензините да се зголеми за 1,5 денар и ќе се продаваат за 67,50 односно 69,50 денари за литар. Дизелот поскапува за денар и ќе чини 57 денари.

Од полноќ поскапуваат нафтените деривати меѓу еден и 1,5 денар. Регулаторната комисија за енергетика одлучи цената на бензините да се зголеми за 1,5 денар и ќе се продаваат за 67,50 односно 69,50 денари за литар. Дизелот поскапува за денар и ќе чини 57 денари. Новата цена на екстралесното масло за домаќинство е повисока за 1,5 денар и од полноќ ќе се продава за 46,50 денари. Поскапува и мазутот и килограм ќе се продава за 36,211 денари.
Дериватите поскапуваат во просек за 2,13 насто и според регулаторите причина за корекциите се растот на референтните цени на бензините и на дизелот на светските берзи меѓу 2,7 и 4,9 насто, како и повисокиот курс на доларот во однос на денарот.
