Текстилната и кожарската индустрија пред колапс
Се заканува затворање на петтина од текстилните фабрики во земјава. Поради намалените нарачки лани, извозот е помал за 10 насто, а бројот на вработени е намален за повеќе од 5 насто. Во кожарската индустрија за 5 години бројот на вработени е намален за повеќе од 55 насто...
Три илјади работници останале без работа, пад на продажбата за над 50 проценти, откажување на нарачките. Текстилната и кожарската индустрија речиси пред колапс. Производството е сведено на минимум. Велат, на дополнителни 20 проценти од вработените им се закануваат отпуштања. Спас бараат во државната поддршка за субвенции на плати. Апелираат до пратениците да го усвојат законот, а владата да најде законска можност да ги одложи роковите за поднесување на барањата.
Дел од текстилците во модниот сектор лани успеаа да го амортизираат ударот, произведуваа заштитни маски и облека за која енормно беше зголемена побарувачката. Но, велат новиот бран и локдаунот во европските земји допрва ќе удри со поголеми загуби и проблеми.
Текстилната и кожарската индустрија во вкупното индустриското производство на државава учествуваат со речиси 13 проценти, во вкупниот извоз со околу 10 насто. Лани неговата вредност достигнала 493 милиони евра, за 10,6 отсто помалку од 2019-тата, според Димитров доказ за намалената профитабилноси и ликвидност поради негативниот екомомски ефект со кој со се соочуваат.
Сузана Фиданска Стоевска
