Мицкоски: Неспособноста на Заев и Филипче да набават вакцини урива рекорди

15.03.2021 16:09

„Блумберг“ направил анализа и интерактивна мапа за следење на процесот на вакцинација досега според којашто Македонија е на 118 место од 122 држави.

Неспособноста на Заев и Филипче да набават вакцини урива рекорди, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски. „Блумберг“ направил анализа и интерактивна мапа за следење на процесот на вакцинација досега според којашто Македонија е на 118 место од 122 држави.

На дното од дното – реагира лидерот Мицкоски. Како да сме држава од Субсахарска Африка- додава лидерот на опозицијата потенцирајќи дека сите држави од регионот се пред нас.

На листата на „Блумберг“ полошо од државава се рангирани Египет, Уганда, Света Елена и Екваторијална Гвинеја. Нели ви е срам Заев и Филипче што сме држава за потсмев. Ќе одговарате за маката на луѓето- пишува Мицкоски на својот Фејсбук профил.